Skype in the Classroom на Наставничката Марија, Биљана Стојановска и нивните ученици.
СПЕЦИФИЧЕН ЧАС ВО ПРВО ОДДЕЛЕНИЕ
Обработка на текст "Цртеж"
Воведни активности
Часот го започнувам со разговор за желбата за цртање. Ги прашувам дали сакаат да цртаат? Дали цртаат дома? А во училиште? Дали има нивни цртежи во училницата? Очекувам да има истакнати цртежи од нив и да ми ги покажат. Следува техника Бура на идеи. Им поставувам прашање: Што најмногу сакаат да цртаат? Очекувам различни одговори: цвеќе, куќа, куче маче, зајче, принцеза, робот и тн. (На крајот од часот ќе им поделам листови на кои ќе си ги нацртаат своите одговори.)
Учечко-поучувачка активност
Најавуваме дека ќе видиме краток цртан филм (претходно подготвен со текстот кој го обработуваме). На учениците им објаснувам дека дури ја слушаме приказната ќе играме игра Глава на перниче. Од торбичка вадам три перничиња- облаче, перниче и јанге. Учениците ги делам во групи по три или четири ученика. Им давам на три групи по едно перниче да го стават на средина на клупата. Им давам задача на учениците дури ја слушаат приказната да внимаваат и кога ќе го слушнат зборот облаче, перниче или јагне да си легнат на соодветното перниче. Во играта учествуваат три по три групи. Со секое пуштање на видеото, перничињата ги даваме на следните три групи.

Употребувам стратегија Наставникот чита на глас, за уште еднаш да ја слушнат приказната.
Преку стратегијата “Ѕвезда на приказната“ се води разговор со учениците. На проекторот сега им пуштам презентација. Им велам дека ѕвездичката сака нешто да не праша. Таа не прашува: кој е во приказната (детето Љупчо, дедото, бабата, мајката), каде се одвива приказната (во домот на Љупчо), кои важни работи се случиле во приказната (1. Љупчо нацртал цртеж, 2. Ги прашал домашните дали е убав, но не добил одговор каков што очекувал, 3. Секој труд треба да се цени.); што научивте од приказната (секој труд треба да се цени). Како што ги одговараат прашањата, така го откривам секој дел од Ѕвезда на приказната на проекторот.

ПРЕЗЕНТАЦИЈА_ЅВЕЗДА.pptx | |
File Size: | 2042 kb |
File Type: | pptx |
Евалвациони активности
На учениците им делам бели листови и ги потсетувам на одговорите кои ми ги дадоа на почетокот на часот, на прашањето- Што сакаат најмногу да цртаат? Учениците имаат задача да го нацртаат она што им е најомилено. Откако ќе завршат, цртежите ги истакнуваме на пано, или на табла. Ги потсетуваме дека секој труд треба да се цени и да се чува.